Мислев дека халуцинирам, рекол Белгиецот кој се јавил во електростопанството и упатил жалба за неверојатната сума.
Електростопанството на Белгија по грешка на едно домаќинство во градот Херсеаукс му доставило сметка за струја во висина од 1,3 милиони евра.
Локалните медиуми информираат дека станува збор за сметка за струја од 1.279.611 евра.
„Кога го отворив пликот и ја видов сметката, помислив дека халуцинирам. Морав сметката да ја прочитам трипати“, рече Белгиецот кој ја доби спорната сметка.
Истакнувајќи дека веднаш се јавил во компанијата за енергетика „Енгие“, Белгиецот рекол дека некое време не можел да добие информации, но подоцна било утврдено дека таква сметка му е пратена поради грешка во системот.
Погрешната фактура е исправена набргу потоа.