– Стотици земјоделци незадоволни од владиниот план со кој се предвидува намалување на дозволеното ниво на азот при ѓубрење, денеска со своите трактори тргнаа кон Брисел, блокирајќи го сообраќајот на повеќе локации во главниот град на Белгија.
На синдикатот на земјоделците му се приклучија уште неколку и заедно очекуваат денеска на улица над 2.000 трактори.
Полицијата предупреди дека сообраќајот ќе биде блокиран до крајот на денот и ги советуваше жителите да користат јавен превоз.
Фламанската регионална влада бара начин да го намали загадувањето на животната средина со азот што земјоделците го користат за ѓубрење на почвата.
Владините преговори со земјоделците траат подолго време, но тие и понатаму се незадоволни од актуелниот предлог со кој, како што велат, дека многумина ќе останат без работа.