Белградски мафијаш му пукал поради девојка! Миленикот на ,,Гробарите” има приказна за филм – завршил во затвор поради рекет! (видео)

Возбудливата животна приказна на голем миленик на навивачите на Партизан…

Познатиот српски напаѓач Милан Ѓурѓевиќ е врежан во сеќавањето на постарите навивачи на Партизан, а неговата животна приказна е неверојатна.

Популарниот српски „Кемпес“ имаше крајно бурен живот и кариера. Некои го обожаваа, други не го сакаа, но никој не остана рамнодушен на неговиот изглед.

Ѓурѓевиќ е роден 1967 година во Нов Белград, а фудбалската кариера ја започна во ОФК Београд. По одличната сезона во 1988/89 година, во која постигна 19 гола, премина во Партизан.

Поради долгата коса го добил прекарот Кемпес, по славниот Аргентинец Марио Кемпес. Навивачите на Партизан добро се сеќаваат на неговите голови против Селтик и Гронинген. Ѓурѓевиќ беше најзаслужен за пласманот на црно-белите меѓу осумте најдобри екипи во Купот на победниците на куповите. Следната сезона, тој не играше против Интер во Купот на УЕФА, но се ,,извади” со головите против Хајдук во Пољуд.

Ѓурѓевиќ постигна два гола против лутиот ривал во 1990 година, а само две минути откако по вторпат ја погоди мрежата, следуваа познатите нереди на стадионот во Сплит.

Торцида истрча на теренот и ја прекина играта. Играчите и членовите на стручниот штаб на Партизан едвај го преживејаа инцидентот. Најжестоките приврзаници на Хајдук се упатија кон гостите од Белград, кои беа мета на разбеснетите хулигани.

Летото 1991 година дресот на црно-белиот клуб од Белград го замени со Солун, потпишувајќи за ПАОК. Тој одигра две многу добри сезони во Грција, постигнувајќи 17 гола на 45 официјални натпревари, вклучувајќи го и голот на големото дерби против Олимпијакос.

После тоа, тој се пресели во Панахаики и неговата кариера полека тргна надолу. Подоцна имаше епизодни улоги во Мајорка, Леко, Перпињан…

Пукање во „Нанa“

Во раните деведесетти, Ѓурѓевиќ беше ранет во пукање во познатата „Нана“. Потоа наводно бил застрелан од Мирко Томиќ Босанац, познат мафијаш од Земун. Причината било прилично банална. Се шпекулираше дека долгокосиот центарфор „мувал“ девојка во кафеана, а тоа не му се допаднало на Босанецот. Кога излегол надвор и седнал на моторот, познатиот криминалец го ранил во бутот. Босанецот беше убиен во судирот на криминалните кланови во 2000 година.

Рекет во Грција

Ѓурѓевиќ повторно се најде на страниците на црната хроника во 2012 година. Тој беше уапсен во Солун како еден од водачите на криминална група која се занимавала со изнуда, перење пари и рекет. Полицијата тогаш уапсила 53 лица, а се проценува дека овие криминални групи од рекет и проневера заработиле околу 44 милиони евра.