БЕЛГРАДСКИ МЕДИУМИ ПИШУВААТ – Вучиќ поднесува оставка од претседател на Србија, вонредни избори во септември?
Вонредните избори во Србија би можеле да се одржат веќе во септември, неофицијално дознава „Блиц“ од врвот на Српската напредна партија (СНС).
Според нивните информации, ова е приближниот датум на изборите по остриот говор на лидерот на партијата и претседател на Србија, Александар Вучиќ на состанокот на самитот на СНС.
Подобро е да се оди во опозиција, отколку да се дозволи државата да се води од партиски и приватни интереси. Подготвен сум да одам на избори како кандидат за премиер, но нема да попуштам на уцени рекол Вучиќ.
Навестување за целосна промена на актуелната политичка панорама во земјава беше дадено на сумирањето на неодамнешната седница на Народното собрание посветена на Косово. Вучиќ рече дека СНС е сама во одбрана на државните интереси и дека го има народот на своја страна.
Вучиќ, исто така, рече дека „му е доста од корумпирани луѓе кои би сакале да се збогатат на сметка на партијата, често повикувајќи се на него во нивните матни афери и секогаш кога било потребно да се борат за земјата и народот, тие биле први со свртен грб“, пишува Блиц.
Својот говор Вучиќ го заврши со зборовите: „Србија ќе победи“.