30-годишната државјанка на Белорусија, Ксенија Тану, реши да се ,,проба” на популарниот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Таа потекнува од Гомеља, а е една од учесниците на овогодинешната сезона.
Тану синоќа успеа да се пласира во следниот круг, а жирито го воодушеви пеејќи ја песната на групата Магазин „Гинем“, делумно и на нејзиниот мајчин јазик.
Погледнете како тоа изгледаше во видеото подолу (11:17:25).
Таа е продуцент и пее. Таа се опишува себеси како харизматична и комуникативна која не сака да доцни.
Нејзин музички идол е Дино Мерлин, а сегашен ментор Марија Шерифовиќ.
Поради љубовта Тану се преселила во Црна Гора, каде живее нејзиниот сопруг.