БЕЛОРУСИЈА ОСТАВЕНА НА ЦЕДИЛО !? Министерството за одбрана на Велика Британија тврди: “Можно е Кремљ повеќе да не го финансира Вагнер!“
Министерството за одбрана на Велика Британија денеска соопшти дека е сосема можно Русија повеќе да не ги финансира активностите на платеничката група Вагнер.
Во својот дневен брифинг, Министерството наведува дека руската страна презела акција против некои други деловни интереси на сопственикот на Вагнер, Евгениј Пригожин, откако тој го водеше неуспешниот бунт против руската Армија во јуни.
„Ако руската држава повеќе не му плаќа на Вагнер, следниот најверојатен плаќач се властите во Белорусија“, стои во текстот и се додава дека – „тоа ќе ги исцрпи ресурсите на Белорусија“.
Министерството, исто така, наведува дека Вагнер се ориентира кон отпуштања и реструктуирање за да заштеди на платите на вработените во време на финансиски притисок