– Францускиот голгетер Карим Бензема ќе остане во редовите на актуелниот европски првак Реал Мадрид уште една година, јавија денеска шпанските медиуми.
Како што објави весникот Ас, повикувајќи се на високо позициониран извор од Реал, деталите околу продолжување на соработката се договорени и Бензема ќе остане во Мадрид до крајот на сезоната 2023/24.
Бензема (36) дојде во Реал од Лион во 2009 година и досега за Кралскиот клуб одигра 640 натпревари на кои постигна 349 голови, а со 165 асистенции го држи клупскиот рекорд.
Французинот во дресот на Реал освои 23 трофеи, со што е втор најуспешен фудбалер во историјата на Реал, и за целиот период во Мадрид доби само 13 жолти и ниту еден црвен картон.