Kако ќе изгледа водењето љубов за 100 години: Дали интимните врски ќе бидат само виртуални или пак се враќаме во реалниот свет! (ФОТО)

Футуролог и писател Том Чизрајт објаснува како ќе изгледа сексот за 100 години и напоменува дека секој ќе го има се повеќе. Тој во своите „предвидувања“, како што наведува „Сан“, објаснува како ќе изгледаат запознавањето и бракот во 2123 година и дали ќе има место за романса во реалниот живот. 

„Љубовен остров“ за оние кои трагаат по љубов 

Животот по развод ќе биде многу поинак отколку што е сега. Слободните кои се во потрага по сериозна нова врска ќе можат да се дружат на закажани состаноци со сродни души. Бидејќи ќе поминуваме многу време во виртуелни светови, веројатно ќе бараме нови сериозни врски во реалниот живот.  

Самците кои ќе сакаат да се скрасат ќе може да одат на одмор на места што ќе функционираат како „љубовен остров“ и кои ќе бидат честа појава. А оние пак кои не копнеат по романтична врска ќе можат дома да користат софистицирани роботи за интеракција, без потреба од партнер. Сексот со роботи исто така ќе биде почест, особено по разводите, посебно за оние кои нема да сакаат нова обврска.  

Секс играчките ќе бидат пософистицирани и поприфатливи, особено за оние кои не се подготвени за нова врска. И границата помеѓу секс играчките и секс роботите ќе стане нејасна, но сепак ќе бидеме малку внимателни со роботите што личат на луѓе. 

Реалниот свет ќе се врати во мода 

Во текот на изминатите 12 години, видовме дека интернет конекциите станаа најпопуларен начин за поврзување на луѓето. Сепак, софистицираната технологија не може да го замени човечкиот допир. Затоа се очекува заживување на нагонските човечки односи, кои би биле цениме уште повеќе. 

Во 2023 година луѓето ќе може да се нуркаат во виртуелната реалност, но ќе може да се среќаваат со виртуелни работи во реалниот свет преку паметни очила или контактни леќи. Поголемиот дел од денот лужето ќе го минуваат во метаверзумот, во интеракција со вештачката интелигенција и роботите, како со реални личности од крв и месо. Но, метаверзумот сепак нема да може да натпреварува со реалниот свет.  

Колку повеќе време ќе минуваат во метаверзумот, луѓето толку повеќе ќе го ценат физичкиот контакт, човечката љубов и емпатијата.  

Во 2123 година, кога луѓето ќе носат паметни очила 24/7, бонтонот ќе налага да ги извадат и целосно да се фокусираат на личноста со која што се дружат, слично како сега што се остава мобилниот телефон кога сме во друштво. Затоа повеќе ќе бидат ценети моменти на целосно поврзување со човечко суштество. Оние кои ќе сакаат состаноци без обврски, „деремењето“ пред екраните на електронските уреди ќе го заменат со традиционални вечерни забави.  

Разводи со скенирање на палецот 

Од дигиталните банкарски сметки, до се споделувањето онлајн музички колекции и дигитален имот се уште сега виртуелни, а тоа само ќе се зголемува во текот на следниот век. Ова за возврат ќе им олесни на многумина да влегуваат и да излегуваа од врски без многу проблеми.  

Во следниот век, ако една двојка сака да се разведе, многу полесно ќе може да го подели заедничкиот имот. Ќе постои комплетна листа на целиот имот и неговата вредност во реално време. Целата брачна документација ќе биде дигитална, па скенирањето на отпечатокот од прст или дури и читање на уникатно отчукување на срцето, ќе го заменат потписот на документот за склучување или за развод на брак. Судовите ќе бидат вклучени само ако поделбата на имотот биде крајно комплизцирана. Желбата на развод нема целосно да исчезне, но се претпоставува дека со нови терапии и подлабоко разбирање на човечкиот ум, луѓето подобро ќе ги менаџираат своите односи. 

Поголем број бракови 

Бракот исто така ќе биде сосема поинаков за 100 години, бидејќи луѓето се повеќе и повеќе ќе сакаат да имаат поголем број партнери во текот на својот живот. Иако традиционалниот брак нема да згасне, веројатно луѓето ќе имаат повеќе врски пред да стапнат на „лудиот камен“, а просечната возраст за стаоување во брак ќе продолжи да се зголемува.  

Луѓето нема да кријат дека имале по неколку важни врски и да им го признаат тоа на своите партнери. На сличен начин како што може да имаме повеќе од една кариера во животот, така и поголемиот број бракови може да бидат вообичаена појава. Бидејќи луѓето ќе живеат подолго, да се има три или четири брака во текот на животот нема да бидат нешто невообичаено. 

Раѓањето деца ќе се одлага за подоцнежни години 

Повеќето луѓе ќе живеат подолго и поздраво, што значи дека ќе добивањето деца ќе се одлага за подоцна во животот. Уште сега има значителна промена во возраста на која двојките одлучуваат да имаат деца, а со медицинскиот напредок, нема да биде невообичаено жените да ги раѓаат првите деца во педесеттите години, а можеби дури и подоцна.  

Почеста ќе биде и одлуката да се нема деца. Кога дигиталниот свет ќе делува толку реален и ќе ја исполнува секоја фантазија, не само сексуалната, луѓето повеќе ќе „талкаат“ во метаверзумот. Тоа ќе биде особено привлечно за оние кои не сакаат да комуницираат со луѓе. 

Роботите ќе овозможат повеќе слободно време 

Сегашните монотоните обврски од секојдневниот живот, како што се плаќање сметки, купувањето храна или сервисирањето на автомобилите ќе претставува минато. Тоа ќе бидат обврски што ќе ги вршат роботи. Со тоа луѓето за 100 години ќе имаат повеќе слободно време и енергија за меѓусебни односи и за секс. 

Тогаш, работењето од дома ќе стане нормална појава, овозможувајќи им на двојките да бидат повеќе заедно и оставајќи им можности за поголема спонтаност.