Јенс Столтенберг со остра изјава кон Владимир Путин: “Успешна украинска контраофанзива ќе го присили да седне на масата за преговори!“

Доколку украинската контраофанзива биде успешна тоа би можело да го натера рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за CNN.

Колку повеќе Украинците победуваат на теренот, толку е поголема веројатноста претседателот Владимир Путин да разбере дека треба да седне на преговарачка маса и да даде согласност за праведен и траен мировен договор“, кажа првиот човек на Алијансата, кој подоцна денеска во Вашингтон ќе треба да има средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Говорејќи за CNN за тоа кој ќе биде негов наследник на чело на НАТО, Јенс Столтенберг изрази апсолутно уверување дека сите 31 земји членки ќе му најдат одличен наследник. Тој нагласи дека сега приоритет му е да ја води Алијансата до крајот на мандатот.

Според различни шпекулации, наследник на Јенс Столтенберг би можеле да бидат данската премиерка Мете Фредериксен или британскиот министер за одбрана Бен Валас

Џо Бајден неодамна изјави дека Бен Валас е многу квалификуван, но дека треба да се најде консензус во НАТО за ова прашање.