БЕНЈАМИН НЕТАНЈАГУ Е “СКРШЕН“ – ЦИА, Мосад и Катар на едно место – Џо Бајден ‘слави’ !?

Израел конечно – по силниот притисок од Вашингтон и голем број други западни земји – се согласи на дневни „тактички, локализирани паузи“ во својата офанзива против Хамас во Појасот Газа за да дозволи дистрибуција на хуманитарна помош и понатамошна евакуација на цивилите додека израелските војници се движат кон центарот на Газа, соопштија израелски и американски претставници во четвртокот.

Паузите ќе бидат прогласени по четири часа секој ден во различна област или населба… за да се набават медицински материјали и храна за оние на кои им треба и на патот ќе им се овозможи на сите што сакаат да ги напушти сцените на интензивните борби во северна Газа да се евакуираат на југ на енклавата. Израел, исто така, се согласил да продолжи да гарантира безбедност по најмалку еден од двата главни автопати север-југ по неколку часа секој ден за евакуација.

слика
Појас Газа

Хуманитарната помош сега се влева во Појасот Газа во зголемен број: 96 камиони преминаа во вторник и 106 во среда. Сепак, Белата куќа сака да гледа не помалку од 150 камиони дневно“, потврди Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност САД.

Анонимен висок функционер во администрацијата на Џо Бајден проценил дека околу 250.000 цивили останале во северниот дел на Појасот Газа, каде што израелските војници напредуваат блок по блок во уличните битки против милитантите на Хамас, додека во исто време се обидуваат да ги избркаат од подземните тунели со воздушни напади. Во таква ситуација, најавата за дозволување влез на хуманитарна помош за луѓето во Појасот Газа (а ги има повеќе од два милиони или, на пример, цела Македонија) е резултат на неколкунеделните напори на администрацијата на Џо Бајден да го принудат премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја подобри хуманитарната ситуација таму.

Кога минатиот петок се состана со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во Тел Авив, Бенјамин Нетанјаху начелно се согласи на паузите, но голем број американски претставници – вклучувајќи го и самиот Џо Бајден – го туркаат да се обврзе. Израелските сили периодично ги прекинуваа копнените напади на северот, како и воздушните напади низ Појасот Газа, но американските власти во четвртокот објаснија дека договорот за хуманитарен конвој е обид да се зголеми бројот на конвои со помош и да се стават Израелците под поголем притисок да се усогласат.

Washington Post пишува дека договорот бил постигнат откако директорот на ЦИАВилијам Џеј Барнс, се сретнал во Доха со неговиот израелски колега, првиот човек на МосадДејвид Барн, и највисоките претставници на катарската Влада, која посредувала во индиректните американско-израелски разговори со Хамас за ослободувањето на заложници кои Хамас ги крие во Појасот ГазаВилијам Барнс се сретнал и со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани, неколку американски и странски официјални лица, од кои повеќето зборувале под услов да останат анонимни и го потврдиле ова за Washington Post.

Двајцата разговарале за хуманитарната помош, излезните коридори од Појасот Газа и заложниците, а разговорите очигледно биле успешни, иако израелската Влада тврдеше дека нема да се согласи на прекин на огнот додека не бидат ослободени сите заложници. А Џо Бајден исто така порача дека не мисли дека треба да има официјален прекин на огнот додека Хамас не биде поразен, но овој договор му е многу важен. 

Џо Бајден

Имено, за Џо Бајден, договорот со Израел за дневни паузи во офанзивата е мал знак за напредок, бидејќи САД се обидуваат да ја балансираат својата неограничена поддршка за правото на Израел да се брани од Хамас со зголемените меѓународни критики за начинот на кој Израелците го користат тоа право. 

Џо Бајден беше под внатрешен и меѓународен притисок да покаже дека САД имаат влијание врз Израел, а Бенјамин Нетанјаху не му олесни со својата тврда линија.