Шокантно! Кабинетот на Зеленски најави „ненадеен“ крај на војната!

Шефот на кабинетот на украинскиот лидер, Андриј Јермак, најави дека војната во Украина ќе заврши „наеднаш“, а борбите ги спореди со трка на 100 метри, од кои Киев веќе има истрчано 70, а остануваат најтешките.

– Мислам дека никој не знае кога ќе заврши војната. Ќе заврши многу ненадејно. Ако го споредиме со трка на 100 метри, тогаш верувам дека веќе имаме истрчано 70 метри. Но, овие последни 30 се најтешки – рече Јермак во интервју за украинската новинарка Наталија Мосејчук.

Во исто време, шефот на кабинетот на претседателот на Украина призна дека никој не може со сигурност да каже кога ќе заврши конфликтот и дека кризата може да заврши многу неочекувано.