Бенјамин Нетанјаху му порача на Џо Бајден: “Израелските напади врз Појасот Газа ќе продолжат со полна сила по прекинот на огнот“

Израел ќе ги продолжи нападите врз Појасот Газа со полна сила кога ќе заврши привремениот прекин на огнот, му порача премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден.

За потсетување, договорот за примирје треба да заврши вечерва, но сепак може да биде продолжен. 

Израел нуди продолжување на паузата за 24 часа за секои 10 заложници ослободени од Хамас.