Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, денеска повика на претпазливост кога станува збор за испорака на оружје од Запад во Украина, бидејќи, како што рече, „не се работи за играчки, туку за тешка воена опрема“.
Бербок додаде дека одлуката за испорака на оружје во Киев била тешка.
„Затоа е важно работите да се проценат внимателно повтоно и повторно. Сепак, мора да се размисли и што ќе се случи ако Украина не може да се одбрани“, изјави Бербок за „Тагесшпигел“.