Москва може да ја сврти изјавата на шефот на германската дипломатија во своја полза.
Изјавата на германската министерка за надворешни работи Анален Бербок дека Европа „војува против Русија“ е подарок за Кремљ, пишува лидерот на Христијанско-демократската унија Фридрих Мерц за весникот „Фокус“.
Тој тврди дека Москва може да ја сврти оваа изјава во своја полза.
– Ваквите грешки се неприфатливи, особено во добро подготвен говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во таква напната ситуација, неопходно е да се одмери секој збор – се наведува во изданието.
Тој додаде дека секој може лошо да се изрази, но во контекст на се што се случи , се добива впечаток дека во коалициската влада на Германија нема координирана надворешна и безбедносна политика.
– И министерот за надворешни работи на Германија безгрижно изговара такви зборови што противниците на нашата помош за Украина ќе ги користат како оружје. Во тешки времиња, ваквата надворешна и безбедносна политика е осудена на неуспех во борбата за поддршка на населението – заклучува Мерц.
За време на седницата на ПАСЕ на 24 јануари, Бербокова изјави дека европските земји „ војуваат против Русија “ и ги повика европските земји да направат повеќе заедно за Украина, а не да бараат виновници меѓу своите. Овие зборови предизвикаа бран критики од германските политичари против Бербокова, а МНР на Германија посебно мораше да излезе со соопштение дека поддршката за Киев не го прави Берлин една од страните во конфликтот.