Лица со Алцхајмер, мултиплекс склероза и болни на кои им е потребна палијативна нега во Струга и Струшко добиваат бесплатна помош во домашни услови преку проект „Нега во домот“ на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и УНДП, што го реализира здружението „Порака нова“.
Марина Спасеска од здружението „Порака Нова“ од Струга вели дека бесплатна помош и поддршка месечно добиваат околу 25 лица, со што им се олеснуваат животот на лицата со посебни потреби и нивните семејства.
– Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лица кои се со привремено или трајно намален функционален капацитет, односно лица кои не можат да се грижат за себе во својот дом, истакна Спасеска.
За лицата со посебни потреби, според неа, се грижат 20-тина лиценцирани негуватели. Покрај одржување хигиена и давање терапија им помагаат околу пазарење и други животни потреби.
– Од досегашното искуство задоволни сме од динамиката на самиот процес и се надеваме дека и после завршувањето на проектот дека и понатаму ќе има интересот да се работи на пружање на социјални услуги, додаде Спасеска.