Бесправна сеча на дрвја затекната во националниот парк Шар Планина

Од Јавна установа Национален парк Шар Планина информираат дека изминатиот викенд на 25 и 26-ти февруари при редовно патролирање на територијата утврдена е бесправна сеча на дрвја по што е повикана шумската полиција да интервенира. По извршен теренски увид оваа бесправна сеча е  евидентирана во атарот на село Лавце.

-Поради добиен впечаток дека сечиштето е сè уште активно, на ден 26 февруари 2023 година од ЈУ НП Шар Планина беше организирана акција за откривање на извршителот на бесправното дејствие, кој беше затечен при сеча на истата локација. Случајот беше пријавен во Шумска Полиција ПШС Тетово, чии претставници дојдоа на лице место и го презедоа случајот на понатомошно постапување, информираше директорот Ибрахим Дехари.

Воедно викендов по претходна дојава за криволов во Национален Парк Шар Планина на повеќе локации биле извршени контроли.

Потсетуваме дека на територија на Националниот парк Шар Планина е забранет ловот на диви животни и забрането е движење на лица со пушка и други средства за лов. Незаконитиот лов е казнив по член 228 од КЗ на Република Северна Македонија, а за непочитувањето и прекршувањето на законите и правилата Националниот парк ќе превземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи, информираше Дехари.

Службите од националниот парк периодов евидентирале и шумски пожар во Бродец село кое во заштитеното подрачје.