Беше буцкеста а сега е најјака ,,риба” на Евровизија: Претставничката на Израел ги воодушеви мажите, а вака изгледаше порано! (фото)

Ноа Кирел, израелската претставничка на Евровизија, која ги освои срцата на публиката, неодамна откри дека служела војска кога наполнила 18 години. И покрај тоа што таа веќе беше популарна музичка ѕвезда, Ноа мораше да се прилагоди на воениот живот и не му беше дозволено да дава изјави или да се фотографира без дозвола. Сепак, Ноа вели дека искуството било автентично и дека е горда што и’ служела на својата земја.

Пред три години, по еден месец обука, Ноа имаше можност да настапи пред војниците, но видеото на кое таа пее и танцува со двајца војници предизвика многу критики на социјалните мрежи, по што армијата и’ забрани да танцува. Иако служењето во војска беше предизвик, Ноа истраја и се покажа како вистински борец.

– ,,Беше предизвик да се има Ноа во своите редови, но целта на војската е да ги обучи сите возрасни луѓе, без разлика дали се популарни или не”, изјави тогаш официјален претставник на Армијата.