Беше најдобрата тенисерка во светот, а неочекувано се повлече и ја шокираше планетата: Откако ги победи психичките проблеми Наоми Осака најавува голем кам-бек

Јапонската тенисерка Наоми Осака, четирикратна Грен Слем шампионка, која не се натпреварувала од септември минатата година, на маргините на УС Опен изјави дека се надева дека ќе се врати на терените на Австралија Опен во 2024 година.

На прашањето на американскиот спортски канал ESPN за нејзиното појавување во Мелбурн следниот јануари, 25-годишната девојка одговори потврдно, додавајќи дека 16-месечната пауза го повторно разгорел огнот кај неа.

Несомнено ќе бидат многу повеќе турнири следната сезона отколку што играв сега. Не знам како ќе оди почетокот на сезоната. Не знам какво ќе биде моето ниво на игра и мислам дека треба да се вратам назад на теренот тивко. Така ќе си поставам цел да ја завршам годината“, изјавила Наоми Осака, која на маргините на УС Опен, заедно со американскиот пливач Мајкл Фелпс, учествуваше на форумот за менталното здравје на спортистите.

Таа минатата година го одигра својот последен турнир во Токио, па поранешната тенисерка број еден во светот падна на 603. место на ВТА листата.

Наоми Осака во досегашната кариера има освоено четири Грен Слем турнири – Австралија Опен во 2019 и 2021 година, како и УС Опен во 2018 и 2020 година.

За потсетување, Наоми Осака во месец јули оваа година таа ја роди ќерката Шаи.