Федерер: Еве кој ќе победи на УС Опен

Швајцарецот е специфичен.
УС Опен влегува во завршна фаза, Новак Ѓоковиќ, Бен Шелтон, Карлос Алкараз и Данил Медведев ќе се борат за пехарот на последниот Грен слем сезонава.

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер зборуваше за Sports Illustrated за тоа кој би можел да победи на престижниот турнир во Њујорк.

Прогнозата на Швајцарецот донекаде ја изненади тениската јавност, бидејќи познато е дека славниот Швајцарец ретко зборува суперлативно за српскиот ас.

– Би се обложил на Новак Ѓоковиќ. Тоа е сигурен облог – изјави Федерер.

Алкараз ја брани титулата на УС Опен, а противник во полуфиналето му е и поранешниот шампион на турнирот во Њујорк, Даниил Медведев.

Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите против американското изненадување Бен Шелтон.

Првиот натпревар од полуфиналето е закажан за петок во 21 часот по средноевропско време, а веднаш потоа на теренот ќе излезат преостанатите двајца тенисери.