,,Беше страшно, крвта прскаше на сите страни“ Морничава исповед на патниците од ,,автобусот на смртта” во Црна Гора – Шокантни сцени пред Ургенен (фото)
Јужнокорејски државјанин кој патувал со пријател во автобус кој слетал во провалија кај Обзовица изјавил дека сè се случило наеднаш.
„Во еден момент возачот изгуби контрола и само почувствував страшен шок. Беше страшно… многу крв и повредени луѓе. Чекам да излезе мојот другар кој е на операција и се молам за неговиот живот. Вчера дојдов од Кореја во Црна Гора и денеска минувам низ пекол“, изјави јужнокорејскиот државјанин кој се здоби со модринки и расекотини.
Пред Ургентниот центар во Подгорица има многу драматична ситуација. Средовечна жена упорно бара информации за нејзината ќерка која најверојатно била во овој автобус.
„Немам никакви информации, никој ништо не ми кажува, најверојатно се качила во овој автобус“, вели вознемирената мајка.
Да потсетиме, три лица загинаа денеска откако автобус слета во провалија од главниот пат Цетиње-Будва, а неколку лица се повредени, соопшти Полициската управа на Црна Гора.
Погинаа државјанин на Велика Британија и жена чиј идентитет сè уште не е утврден, соопшти дежурната обвинителка Анѓа Радовановиќ.
Радовановиќ изјави и дека се повредени 22 лица, од кои девет се хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора. Таа додаде дека возачот на автобусот моментално се наоѓа во Општата болница Цетиње и поради тешки повреди ќе биде префрлен во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Радовановиќ рече дека засега немаат информации за причината за сообраќајната несреќа, но дека имаат прелиминарни информации дека немало контакт меѓу автобусот и друго возило.
Возачот на автобусот С.Н. (36) е приведен во полиција и приведен. Тој се пожалил на лекарскиот тим, кои први дошле на местото на несреќата, дека чувствува силна болка во задниот дел на главата и дека автобусот по пат удрил во насипот на кривината од десната страна се оштетил и потоа возилото слетало во провалија.
Со помош на кран и дигалка го извлекле автобусот од провалија. Автобусот сообраќал на релација Никшиќ – Подгорица – Будва.
Растенијата и густите грмушки го запреа автобусот на околу 30 метри под автопатот.