,,Беше чест и задоволство да се биде твој професор” Колегите се збогуваат со Михаела (21) која ја уби нејзиното момче полицаец!

Пријателите, колегите и професорите на 21-годишната студентка која беше убиена во средата во Осиек се збогуваат со неа на социјалните мрежи, каде Студентскиот сојуз на Правниот факултет во Осиек објави трогателна порака и известување за погребот.

-Почитувани колеги, со тага и неверување соопштуваме дека нашата драга колешка и ученичка Михаела Берак трагично почина. Почивај во мир – напишаа над фотографијата од младата жена.

Погребот ќе се изврши денеска на гробиштата во Осиек.

Во коментарите на објавата, ожалостените изразуваат сочувство до семејството на девојката чиј живот трагично заврши во станот на нејзиното 27-годишно момче полицаец.

– Почивај во мир драга Михаела, чест и големо задоволство беше да бидам твој професор – напиша во коментарот еден од професорите на Правниот факултет.

Упатените велат дека врската меѓу Михаела и полицаецот започнала пред неколку недели, а девојката била успешна студентка на Правниот факултет која лани се пријавила и за градска стипендија како надарена студентка.

Во четвртокот попладне полицијата извести дека во стан во Осиек било пронајдено тело на 21-годишна жена, а на местото на настанот бил пронајден 27-годишен полицаец.

По кривичната истрага утврдиле дека девојката била убиена со истрел од службен пиштол и дека се работи за немил настан, ненамерно убиство, но уапсен е маж осомничен дека убил 21-годишна жена.