Скопје денеска без јавен превоз, вработените си ги бараат декемвриските плати

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие денеска останаа во гаражите по најавата на синдикатот дека ќе има блокада доколку на вработените до денеска не им биде исплатена декемвриската плата.

Вработените потоа ќе одат во Градското собрание на Скопје за да присуствуваат на седницата што ќе се одржи таму, на која на дневен ред ќе бидат и субвенциите за ова јавно претпријатие.

„Вработените во ЈСП имаат срце и душа и ќе им помогнат на болните и децата, како и работниците, да одат на работното место. Потоа, во 9 часот ќе бидат повлечени сите автобуси. Во 10:30 часот вработените ќе бидат во Градското собрание на Скопје и ќе останат додека не се донесе одлука“, изјави Мичо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.

Синдикалците од ЈСП велат дека ако парите од плата отидат на сметката на возачите, тие ќе ги вратат автобусите на пат.