БиБиСи: Израелската полиција ги нападна нашите новинари, ги држеше под закана

Група новинари на Би-Би-Си кои известувале за војната на Израел со Хамас и биле држени под закана и нападнати од израелската полиција во четвртокот вечерта во Тел Авив, објави денеска Би-би-си.

Инцидентот се случил додека екипаж од тројца новинари се возел кон хотелот во автомобил „јасно означен како медиум“, соопшти британската новинска мрежа.

Би-Би-Си соопшти дека тимот бил „изваден од возилото“, пребаруван и турнат до ѕид. Еден од новинарите рече дека кога полицаецот се обидел да го сними инцидентот, му го фрлиле телефонот на земја и го удриле во врат.

„Новинарите мора да можат слободно да известуваат за конфликтот во Израел и Газа“, изјави портпаролот на Би-Би-Си.

Портпаролот на израелската полиција не одговори на барањето за коментар.

Да потсетиме, Израел денеска го гранатираше јужен Либан, а во нападот беше убиен камерманот на Ројтерс Иссам Абдала, додека уште шестмина новинари беа ранети. Израелската армија го призна нападот, но не ја коментираше смртта на новинарот.