Хамас: Или ќе живееме исправени или ќе умреме борејќи се

 Висок функционер на Хамас денеска изјави дека сегашната ситуација во Газа претставува „екстремно дрзок и брутален обид за насилно отстранување на палестинскиот домородец од нивната земја“.

Изат ал Ришек, член на политичката канцеларија на Хамас, истакна дека Израел ја бомбардирал Газа со шест илјади бомби во изминатата недела, бројка што ја објавија и израелските воздухопловни сили.

-Хамас го отфрла повикот на Израел „уште еднаш да бидеме протерани од нашите домови“ и „ќе се спротивстави на обидот на Израел за етничко чистење на Газа“, додаде Ал Ришек.

Висок функционер на Хамас ги нарече акциите на Израел во Газа „нехумани“ и „варварски“ и рече дека тие ги прекршуваат „сите закони и договори во кои тврдат дека веруваат таканаречените слободни и демократски земји“.

-Хамас „нема да се откаже од нашата легитимна борба за слобода и самоопределување. Или ќе живееме исправено или ќе умреме борејќи се, рече Ал Ришек.