“БИБИ МОРА ДА СФАТИ ДЕКА МОРА ДА НАПРАВИ НЕКОИ ПОТЕЗИ“ – Џо Бајден со јасна порака до Израел: “Тој не смее да ја отфрли палестинската држава!“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, истакна во вторникот дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, мора да ја смени својата Влада и дека Израел не смее да отфрли палестинска држава во иднина.

Изјавата на Џо Бајден на собирот за собирање средства за неговата кампања во 2024 година е нов знак за зголемената американска загриженост поради израелското бомбардирање на Појасот Газа, во кое загинаа илјадници луѓе.

Почнаа да ја губат таа поддршка“, посочи Џо Бајден, мислејќи на загриженоста на меѓународната заедница.

Претседателот на САД го изјави ова пред патувањето на неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во Израел каде што ќе се сретне со тамошниот воен кабинет.

Бенјамин Нетанјаху во средата кажа дека Израел ја ужива американската поддршка за уништување на Хамас и спасување на заложниците земени од палестинските милитанти на 7. октомври, но дека сојузниците не се согласуваат што да прават по војната.

Џо Бајден го издвои израелскиот екстремно десничарски политичар Итамар Бен-Гвир, министер за национална безбедност, велејќи дека тоа е – „најконзервативната Влада во израелската историја“.

Тој (Бенјамин Нетанјаху) мора да ја смени Владата. Оваа Влада во Израел прави сè многу тешко“, порача Џо Бајден.

Тој нагласи дека Израел „не може да каже не“ на палестинска држава, на што тврдокорните се противат.

Џо Бајден вели дека „имаат можност да почнат да го обединуваат регионот“, но дека „Биби мора да сфати дека мора да преземе некои потези“ – Биби е прекарот на Бенјамин Нетанјаху.

Во вторникот Џејк Саливан најави дека ќе разговара за нивниот план за Појасот Газа со официјални лица за време на неговата посета на Израел.