БИЗАРНО СВЕДОШТВО – Поранешната фудбалска легенда на Англија ја шокираше јавноста: “Ја прегрнав Маргарет Тачер и почувствував неверојатна сексуална возбуда! Брзав во тоалетот…“

Поранешниот англиски фудбалер Пол Гаскојн вечерва ќе ја открие својата вулгарна исповед за средбата со Маргарет Тачер за Channel 4 и нивното реално шоу „Scared Of The Dark“.

Преносот започнува во 21:00 часот, а Пол Гаскојн открива валкана тајна од октомври 1990 година, кога Маргарет Тачер беше првата британска премиерка. Таа, тогаш ја повика фудбалската репрезентација на Англија на „Даунинг стрит 10“ по нивното учество на Светското првенство тоа лето во Италија.

Пол Гаскојн им признал и им ја раскажал оваа приказна на останатите учесници во шоуто, Скарлет Мофат и на поранешниот боксер Крис Јубанк и им покажал како се возбудил откако се сретнал со политичарката. Тој кажува и дека после тоа отишол во тоалет за да „изврши сексуален чин врз себе“.

Сакате секси приказна ? Поради ова можам да влезам во неволја. Кога отидов на ‘Даунинг стрит 10‘, ја прегрнав Маргарет Тачер“, вели тој, продолжувајќи со вулгарни коментари за тоа како таа го оставила во „возбудена состојба“.

Крис Јубанк се налутил од неговата приказна, па отишол во друга соба да ги сподели своите размислувања и незадоволството со продуцентите.

Реалното шоу „Scared Of The Dark“ го води Дени Даер, а осум познати натпреварувачи треба да живеат во „темнина“ осум дена.

Повеќе од илјада луѓе веќе се пожалија на уште една контраверзна емисија на Channel 4 наречена „Naked Education“. Се емитува во 20 часот и прикажува како возрасни позираат голи пред деца.