ВОЗНЕМИРУВАЧКО – Ужас – полицијата во Ново Мексико убиле невин човек по грешка: Добиле пријава за насилство но ја промашиле куќата (видео)

Полицајците во Фармингтон, Ново Мексико, го убиле Роберт Дотсон (52 г.), кога, според информациите од локалните медиуми, ја погрешиле куќата во која требало да отидат за да пријават и да реагираат на семејно насилство, објави CNN.

Според извештаите, мажот ја отворил вратата од куќата со пиштол во раката, а полицајците веднаш пукале во него, а неговата сопруга наводно возвратила со оган.

Сите ние – мажите и жените од полицискиот оддел Фармингтон – ја препознаваме тежината на овој инцидент“, изјавил началникот Стивен Хеб во изјавата до медиумите.

Ќе направиме се што е можно за целосно да разбереме што се случи овде. Уште еднаш сакаме да изразиме сочувство до семејството Дотсон и како ваш началник на полицијата сакам да ви пренесам колку ми е жал што се случи оваа трагедија“, кажал Стивен Хеб.

Државната полиција на Ново Мексико, која го истражува пукањето, соопшти дека полицијата во Фармингтон добила повик за инцидент на семејно насилство на улицата „5308 Valley View Ave“.

Кога биле на лице место, полицајците по грешка се приближиле на адресата 5305 наместо на 5308“, се вели во соопштението на државната полиција.

На видео-снимките се гледа како тројца полицајци се приближуваат до куќата со јасно означена и осветлена адреса и тропаат три пати на вратата.

Тие три пати се идентификувале како полиција од одделот на Фармингтон. Додека чекале да се отвори вратата, полицајците побарале од диспечерот да ја потврди адресата, а диспечерот го дал бројот на друга куќа.

Зошто полицајците дошле на погрешна адреса, останува да утврди истрагата“, соопшти полицијата на Фармингтон за тамошните медиуми.

Кога мажот се појавил на вратата, полицајците му рекле да ги крене рацете и почнале да пукаат во него. Неколку моменти подоцна, во куќата се слушнал женски глас како вреска и извикал: „О Боже!

Сопругата на починатиот маж пукала кон полицајците, кои возвратиле, но тие за среќа не ја погодиле. При пукањето во куќата имало и три деца. Сопругата на Дотсон не била обвинета за кривично дело бидејќи не знаела дека пука во полицајците кои погрешка и без причина затропале на нејзината врата.