,,Била присутна во дискотеката во Кочани!” Тасева: Брза по земја, луѓето ме газеа додека бегаа

Марија Тасева е 20-годишна девојка која беше една од повредените во пожарот во кочанската дискотека.

Таа пред камерата на Министерството за внатрешни работи сведочеше дека во моментот на пожарот имало гужва и дека додека излегувала паднала на земја.

„Сите почнаа да трчаат надвор. Сите се обидуваа да избегаат. Мојата сестра е изгубена. Не можеме да ja најдеме во ниту една болница. Сега тука ги чекаме резултатите да видиме дали ќе го најдеме, ако не, евентуално во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја, а други ме газеа, само со лицето лежев на земја“, рече Тасева.

Нејзиниот татко вели дека немаат информации за втората ќерка која има 25 години.

Потсетуваме дека во оваа трагедија животот го загубија над 70 лица, додека повредените кои се лекуваат во болниците се на возраст од 14 до 25 години.