Бил Гејтс споделува 5 лекции што сите студенти треба да ги знаат

ПО само три семестри, Бил Гејтс се откажал од Универзитетот Харвард за да го основа Мајкрософт во 1975 година. Зборувајќи со студентите на Универзитетот во Северна Аризона, тој откри дека некои совети никогаш не ги добил до дипломирањето и дека сакал да ги има.

„Твојот живот не е претстава во еден чин“

„Веројатно во моментов се соочувате со притисок да донесувате одлуки за вашата кариера. Можеби мислите дека овие одлуки се трајни. Но, тие не се“, рече Гејтс.

Тој се присети дека се борел со истиот притисок. Кога го основал Мајкрософт, бил убеден дека ќе работи во таа компанија до крајот на животот.

„Денес, филантропијата е моја работа со полно работно време“, додаде тој.

„Никогаш не си премногу паметен за да бидеш збунет“

Кога Гејтс го напуштил факултетот, мислел дека знае се. На крајот сфатил дека „првиот чекор во учењето нешто ново е да се потпрете на она што не го знаете, наместо да се фокусирате на она што го знаете“.

Тој ги советуваше студентите: „Во одреден момент од вашата кариера ќе се најдете соочени со проблем што нема да можете сами да го решите. Кога тоа ќе се случи, не паничете. Земете здив. Размислете. И тогаш најдете паметни луѓе од кои можете да научите“.

„Гравитирај на работа што решава проблем“

Бил Гејтс ги охрабрува студентите да ја искористат можноста да им помогнат на луѓето. Тој додава дека можностите се бескрајни.

„Кога ги поминувате деновите правејќи нешто што решава голем проблем, тоа ве поттикнува да го правите најдоброто што можете. Тоа ве прави покреативни и му дава на вашиот живот посилно чувство за цел“.

„Не ја потценувајте моќта на пријателството“

Гејтс вели дека неговото најголемо жалење е што не е доволно социјален. Поголемиот дел од времето го поминувал на учење и оставал малку време за другарување.

„Луѓето со кои се дружевте и со кои седевте на предавања не се само ваши колеги. Тие се вашата мрежа“, изјави тој.

Некои од најстарите пријатели на Гејтс одиграа клучни улоги во неговиот живот. Неговиот средношколски пријател Пол Ален стана ко-основач на Мајкрософт. Еден од неговите неколку пријатели од факултет, Стив Балмер, стана негов наследник како извршен директор на Мајкрософт.

„Не си мрзлив ако малку се откажеш“

„Кога бев на твоја возраст, не верував во одмори. Не верував во викенди. Не верував ни дека луѓето со кои работев треба да ги користат. Ги следев моите вработени и снимав кој останува во канцеларија до доцна и кој замина рано“, откри Гејтс.

Требаше да стане татко за да сфати дека во животот има повредни работи од работата.

„Не чекајте толку долго како јас за да ја научите оваа лекција. Одвојте време да ги негувате вашите врски. Да ги прославите вашите успеси. И да се опоравите од загубите. Направете пауза кога треба. Олеснете им на луѓето околу вас кога им треба“, рече тој.