Израел изврши напад во јужен Либан со фосфорни бомби

Израелската армија денес изврши напади на неколку области во јужен Либан со фосфорни бомби, објавија државните медиуми.

Нападите беа насочени кон ридот Ал-Аваида меѓу градовите Одаисе и Кфаркела во јужен Либан, објави либанската новинска агенција ННА.

Израелски дрон таргетирал автомобил со наведувана ракета на патниот правец Дабшех во Хирбет Салим во областа Бинт Џбеил, јужен Либан, пренесе Агенцијата.

Во нападот, кој предизвикал опожарување на автомобилот и негово излетување од патот, има повредени.

Според Агенцијата, израелските воени авиони летале на ниска височина над селата во западните и централните региони на границите, придружени со извидувачки авиони.

Израелски борбени авиони извршиле и интензивни воздушни напади кон предградијата на градот Халет Варда во близина на пограничниот град Ајта Шааб.

Авионите ја нападнале и областа меѓу градовите Марвахин и Блат во јужен Либан.

Израел и Хезболах разменуваат оган долж заедничката граница по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.