БИЛ КЛИНИЧКИ МРТОВ – Поранешниот украински репрезентативец до 21 година и играч на АЕК во критична состојба по троен срцев удар
Поранешниот играч на Шахтјор, Олех Данченко во критична состојба
Фудбалерот на АЕК на позајмица во Зорја, Олех Данченко е во критична состојба по троен срцев удар. Како што пренесуваат странските медиуми, тој се онесвестил на тренинг, но клупскиот лекар го вратил во живот со помош на дефибрилатор.
Моментално е на интензивна нега каде лекарите се борат за неговиот живот. За работите да бидат потрагични за несреќниот Данченко, минатата година во сообраќајна несреќа загина неговата сопруга.
Во својата кариера настапуваше и за украинскиот Шахтјор, а дресот на младинската репрезентација на Украина го носеше дури 28 пати.