Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ наскоро би требало да се врати во Милан каде ја заврши кариерата, пренесуваат италијанските медиуми.
Од Италија одекна информацијата за враќањето на Ибрахимовиќ во градот на модата, а остана само официјалната потврда на клубот.
Според италијанските медиуми, Ибрахимовиќ се договорил со Милан да се врати во клубот на позицијата „надворешен советник“.
Тоа би можело да се случи и пред викендот, додека некои медиуми тврдат дека сепак ќе потрае уште малку.
Неговата улога треба да биде „врска“ меѓу првиот тим и дирекцијата на клубот, што би значело дека Златан ќе има голема улога во носењето одлуки кои се однесуваат на самиот фудбал.
По завршувањето на претходната сезона, на 6 јуни, Ибрахимовиќ стави крај на 24-годишна професионална кариера.