Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, денес беше во посета на компанијата ,,Грин Стар” во Битола.
,,Kомпанијата „Грин Стар“ од Битола e успешна производствена компанија во која гледаме вистински сојузник за заедничка борба против загадувањето, на кое сме посветени преку „Зелената“ агенда.
Со господинот Злате Велјановски прошетавме по трите производни линии кеде меѓу другото се врши и рециклирање на стара хартија и производство на производи од хартиена пулпа, општо познати како табли за јајца.
Ги помагаме компаниите како Гринстар преку ЗФПИ бидејќи се компанија со значителен импакт на локалниот економски развој, создавајќи добро платени работни места.
Пелагонискиот регион е силно поддржан од Владата, само минатата 2022-ра година исплативме над 209 милиони денари финансиска помош за инвестиции кон 48 компании” – напиша Битиќи на својот фејсбук профил.