Битиќи: Договорот од Преспа ги урна бариерите, создаде позитивна траекторија за економски развој, политичка стабилност и регионална интеграција
Вицепремиерот одговорен за економски прашања, координација со економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одржа говор на панел дискусијата „Поплочување на патот кон просперитетот: EcoFin стратегии за раст на Западен Балкан“, во рамки на Преспанскиот форум за дијалог 2023 година, кој годинава се одржува во Струга под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски и се совпаѓа со петгодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа.
„Договорот од Преспа отвори ново поглавје во регионот, отворајќи го патот за просперитет и стабилност. Покрај унапредувањето на дипломатските односи и соработката меѓу Грција и Северна Македонија, тој исто така го поттикна економскиот раст и промовираше прекугранични иницијативи меѓу двете земји… Понатаму, Договорот од Преспа имаше домино ефект врз поширокиот балкански регион. Договорот од Преспа го отвори патот кон просперитетот со отстранување на бариерите, охрабрување на соработката и инспирација на другите народи. Создаде позитивна траекторија за економски развој, политичка стабилност и регионална интеграција, носејќи трајни придобивки за Грција, Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан“, рече тој.
Токму овој регион сега го трасира својот пат кон просперитет со влез во ЕУ и усогласување на нашите EcoFin политики со стандардите на ЕУ, како што вели, мора да преземеме некои конкретни чекори, како што се; Зајакнување на институционалната рамка, создавање силни и транспарентни институции кои ќе обезбедат ефективно владеење; Спроведување на структурни реформи на економиите за подобрување на конкурентноста. Ова вклучува пристап до пазари и регионална интеграција на економиите, пристап до проширени синџири на снабдување и блиско поврзување; Усвојување на здрави фискални политики, вклучително и намалување на буџетскиот дефицит, ефикасно управување со јавните финансии и унапредување на фискалната дисциплина; Усогласување на законодавството со ЕУ и подобрување на финансиските сектори.
Зборувајќи за интеграцијата во Европската Унија, претседателката Урсула фон дер Лајен презентираше сеопфатен план од 4 столба за приближување на Западен Балкан кон ЕУ. Овој стратешки план вклучува голем број иницијативи дизајнирани за справување со клучните предизвици и зајакнување на врските меѓу регионот и ЕУ.
Планот е изграден на 4 важни столба – приближување на Западен Балкан до заедничкиот пазар на ЕУ, продлабочување на регионалната економска интеграција, забрзување на основните реформи и зголемување на средствата со кои располага Светската банка.
Овој план поставува јасно структурирана иницијатива за напредок на регионот кон интеграцијата во ЕУ, истовремено обезбедувајќи перспективна рамка за унапредување на стабилноста, соработката и заедничкиот просперитет на Западен Балкан.