НЕ МУ КАЖАА ДЕКА ЕЛИЗАБЕТА Е МРТВА? Претседателот на Америка го заврши говорот со „Боже, спаси ја кралицата“, луѓето збунето гледаа во него (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден одржа говор за контрола на оружјето кој заврши на најнеобичен начин.

– Боже, спаси ја кралицата – рече Бајден на крајот од обраќањето пред збунетата публика во кампусот на Универзитетот Хартфорд во Конектикат , меѓу кои имаше и новинари.

„Њујорк пост“ го контактираше Тод Гилман, новинар од Далас морнинг њуз кој беше присутен за време на последниот гаф на Бајден.

– Неколку од вас ме прашаа зошто го кажа тоа. Навистина немам поим. Останатите новинари кои беа таму, исто така, немаат поим што рекол – изјави Гилман.

Оливија Далтон, заменик портпарол на Белата куќа, за медиумите изјави дека тоа е „коментар на Бајден упатен за некој од толпата“, не давајќи други детали.

„Њујорк пост“ потсетува дека „Господ чувај ја кралицата“ беше името на британската национална химна до смртта на кралицата Елизабета Втора во септември 2022 година . Откако нејзиниот син, кралот Чарлс III го наследил британскиот престол, реченицата била сменета во „Бог да го спаси кралот“.