Битиќи: Над 2 милијарди евра обезбедивме за поддршка на граѓаните и компаниите

Над 2 милијарди евра пари вративме кај граѓаните и компаниите со деветте пакети на анти-кризни мерки, ниту една влада од осамостојувањето досега нема направено вакво нешто, порача на трибината „Повеќе за сите!“ во Кичево потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Неуморни сме, и понатаму продолжуваме да се грижиме за оние на кои најмногу им е потребна помош и во делот на трошоците за струја. Преку Програмата за енергетска сиромаштија, предвидени се 1 милион евра за финансиска поддршка на над 5.000 семејства. Овде е и мерката за субвенционирање на струјата, со што овозможуваме 90% субвенционирање на цената на струјата и ги штитиме семејните буџети од ценовен шок на сметките за струја. Со ова директно го заштитуваме семејниот буџет на 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, за што проценката е дека ќе бидат потребни 35 милиони евра“, рече потпретседателот на партијата Битиќи.