Битиќи: Од 2018 до 2022 година со 57 милиони поддржавме 630 компании кои инвестираа над 340 милиони евра
Партнерството и сеопфатниот пристап во креирањето и спроведувањето на економските политики на Владата дава резултати. Преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Владата од своето формирање, поточно во периодот 2018-2022 година, поддржала 630 компании со околу 57 милиони евра, кои инвестирале над 340 милиони евра.
Довербата на деловните субјекти во нашите институции и економски политики од година во година се зголемува, континуирано се зголемува бројот на потпишани договори за финансиска поддршка на компаниите, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Според него, од стапувањето во сила на Законот во 2018 година, на крајот на минатата година, склучени се вкупно 630 договори за финансиска поддршка, додека годинава пристигнале рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти, од кои тие одобрени се или потпишани се 289 нови договори за финансиска поддршка на планирани инвестициски циклуси на компании од 366 милиони евра, со што ќе се создадат нови конкурентни места.