Битиќи: Предлогот на Стопанската може да се земе в предвид

Се радувам што регионалната стопанска комора Прилеп даде предлог за подобрување на субвенционирањето на платите на вработените. Во вторник ќе има предлог закон во кој ќе се прецизира таа мерка, и предлогот на Стопанската комора ќе го земеме в предвид, информираше вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Тој денеска на новинарско прашање околу предлогот на Стопанска комора, рече дека искрено верува во стопанството, верува во моралниот и етичкиот пристап на секое стопанство.

-Ние планиравме да дадеме една можност за ослободување од придонеси за зголемување на плата како што беше најавено во период од 12 месеци. Веќе во вторник ќе има предлог закон во кој ќе се прецизира таа мерка. Предлогот на Стопанската комора ќе го земеме во предвид. Може да го прифатиме предлогот, изјави Битиќи по посетата на фабриката „АТС АММО“ во Македонски Брод.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен панок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се

На прашање дали антикризните мерки се предизборен поткуп, Битиќи рече дека мерката е за граѓаните, за стопанствениците и за сите оние на кои што им е потребна помош.

-Ние најранливите не можеме да ги оставиме без поддршка, независно колку изборни циклуси можеме да планираме наредниот период. Ова беше најавено веќе подолг временски период. Мерките можат да траат пет, шест дури и 12 месеци, затоа што сметаме дека треба вистински да помогнеме во периодот на закрепнување од економската криза која постои, додаде Битиќи.