Битиќи: Солидарноста и сплотеноста не прават победници, овие вредности нека не водат во новата година

Вицепремиерот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи, на сите граѓани им ја честита Новата 2024 година, за која вели дека е шанса за нов почеток и да ја искористиме за добро, размислување, почит, одговорност и грижа за секој друго, во нашата секојдневна работа и живот.

„Мојата желба е во текот на оваа година да се водиме од позитивните вредности кои не дефинираат сите нас како граѓани на државата, секој со свој белег и придонес во создавањето на подобро утре. Ова ми беше водечки принцип за овие три и пол години како вицепремиер во Владата, која ја знаете како Влада која решава кризи и работи за вашата благосостојба“, вели Битиќи.

Тој се осврна на напорите на Владата да создаде предвидливост и на оние кои се дадоа себеси и својата работа на ова општество.

„Затоа, донесовме нова методологија за зголемување на пензиите за сите наши пензионери, според животниот стандард. Солидарноста и единството не прават сите победници. Тоа се позитивните вредности со кои ќе победиме против поделеноста. Така ќе се движиме кон иднината, размислувајќи за нашите деца, кои ќе живеат со последиците од нашите постапки денес“.

„Затоа, го потврдувам за себе, но и за сите на кои им е доверена привилегијата да одлучува, не повикувам да се однесуваме одговорно за својата иднина, иднината на нашата земја. Ви посакувам среќна Нова 2024 година“, вели во новогодишното обраќање вицепремиерот на Владата, Фатмир Битиќи.