Битиќи: Ќе обезбедиме средства доколку се изгласа законот за антикризни мерки за најранливите категории

Заменик Премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека Законот за плати ќе се менува.

Тој на „Тв24“ рече дека ќе се формира работна група за антикризни мерки доколку се изгласа законот за нив.

„Добивме задача од Владата да формираме работна група од неколку министри кои мора да работат на нов закон за избрани и именувани лица за да се донесе поправедно решение и да се ослободи дел од средствата кои доколку тој закон биде одобрен, анти -кризни мерки за најранливите категории.

Тоа е од суштинско значење во одредени моменти кога треба да покажеме солидарност. Ќе издаваме средства затоа што решението нема да се донесе за еден месец, туку во период кога средствата планирани за плати ќе се планираат за антикризни мерки“, вели Битиќи.