„Неодговорни поединци исцртаа графити со непримерна содржина со цел навредување на бошњачкото население и поттикнување омраза, нетрпеливост и поделби меѓу жителите…“
Навредливите графити што се појавија на мостот „Фрањо Туѓман“ вчера во Чапљина, Босна и Херцеговина, беа покриени со интервенција на градските служби. Графитите беа насочени против повратниците Бошњаци и се наоѓаа на источната страна на мостот.
Поминаа повеќе од дваесет години од враќањето на првите Бошњаци во овој град, а до денес во него немаше меѓунационални тензии и инциденти од ваков вид. На мостот пишуваше: „Смрт на Балиите“ и „Ќе колеме муслимански жени и деца“.
„Неодговорни поединци исцртаа графити со непримерна содржина со цел навредување на бошњачкото население и поттикнување омраза, нетрпеливост и поделби меѓу жителите на Чапљина. Се надеваме дека сторителите ќе бидат препознаени и дека ќе се реагира од повеќе различни институции. Во овој момент можам да ги повикам граѓаните на Чапљина да се однесуваат одговорно кон себе, и кон своите сограѓани. Градската власт, секако, го осудува чинот, па веднаш по сознаието реагиравме и ги покривме со боја графитите. Чапљина е пријатно место за живеење на секој човек, без разлика на верската, националната или расната припадност“, изјави Данијела Ноголица, портпаролка на Градската управа на Чапљина.
Од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванската жупанија е кажано дека е пристигната пријава за сега веќе покриените графити и дека е започната истрага со цел откривање и санкционирање на сторителите.