БИЈОНСЕ БОЛЕДУВА ОД НЕИЗЛЕЧИВА БОЛЕСТ: Во пресрет на новиот албум откри дека од детството страда од овој ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ

Познатата пејачка Бијонсе ја воодушеви публиката со најавата за нејзиниот нов албум на Супер Боул , по што проговори за приватниот живот и болеста од која боледува уште од детството.

Зборувајќи за нејзината коса за време на едно интервју, таа откри дека од мала се бори со псоријазата. Бидејќи јавноста до сега не беше информирана за тоа, Бијонсе повторно се најде во тотален фокус.

– …Детството го поминав во салонот на мајка ми. Татко му нанесуваше масла на скалпот за да ја лекува мојата псоријаза . И денес се сеќавам на сето тоа добро, тие спомени ми се свети – објасни таа за „Есенс“, посочувајќи за прв пат дека ја има оваа автоимуна кожна болест, која е сосема непредвидлива, со текот на времето се повлекува, се враќа, но никогаш не заздравува целосно .

– Разговорите што се одржуваат во фризерски салони  им даваат чувство на заедништво на оние кои одат таму, за речиси да избегаат од нивното секојдневие. За нив тоа е место каде што се смеат, споделуваат тајни едни со други, се чувствуваат убаво, споделуваат мудрост… Важно е да се има такво нешто – продолжи Бијонсе, која неодамна и самата објави линија на производи за нега на коса.

Бијонсе

Малку подоцна таа објасни дека и покрај одредени пишувања се „откажала“ од долгата коса кога за прв пат станала мајка. За неа и како уметник тоа било начин да се побуни против општеството кое „верува дека жената не треба да носи кратки фризури“ и да се ослободи од „сите стеги“.