БЛИНКЕН ИЗДАДЕ ОДОБРУВАЊЕ: Америка нареди да се одмрзнат шест милијарди долари ирански имот, откриена причината

Американската влада им даде дозвола на странските банки да одмрзнат шест милијарди долари замрзнати ирански средства како дел од договорот за размена на затвореници.

Како што јави агенцијата АП, неколку ирански државјани треба да бидат разменети за американски државјани кои се затворени во Исламската Република.

Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го издаде одобрението минатата недела, кое ќе му овозможи на Иран да пристапи до неговите средства во Катар и Јужна Кореја.

– Во национален интерес на Америка е да се промени регулативата за санкции – рече Блинкен.

Вашингтон вети дека ќе ослободи пет ирански државјани.

Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност, рече дека Иран ќе може да ги користи средствата само за „храна, лекови и медицинска опрема“, а не за воени цели.

Од друга страна, зад решетки во Иран има пет американски државјани и тие наскоро треба да бидат ослободени.