ДРАМА ВО ОХРИД – Маж од Босна и Херцеговина среде ноќ ја донел мајка си во болница, жената починала, а тој мистериозно побегнал !?

Маж од Босна и Херцеговина е уапсен во Охрид откако мајка му, која ја оставил во болница, починала и му се изгубила секаква трага.

Дел од медиумите наведуваат дека во петокот околу 1 часот по полноќ во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид со возило на Итна медицинска помош била донесена државјанката на Босна и Херцеговина Р.Б. (78 г.), во придружба на нејзиниот син Н.Б. (44 г.).

Според извештајот, мажот потоа ја напуштил болницата, а Р.Б. починала набрзо потоа.

Полицијата започнала потрага по Н.Б., кој бил пронајден недалеку од центарот на градот и уапсен.

Телото на починатата е предадено на обдукција.

Според локалните медиуми, мајката и синот се од Бугојно.