ВИДЕО | ЧУДО ОД ЧОВЕК – Новак Ѓоковиќ објави видео во кое зборуваше на кинески јазик: Еве каква порака испрати еден од најдобрите тенисери во историјата

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја честиташе кинеската нова година која се славеше вечерва, додека од сабота, 10. февруари, ќе бидеме во годината на дрвениот змеј.

Новак Ѓоковиќ испрати честитка на кинески јазик.

Среќна Лунарна Нова Година на сите ширум светот кои ја слават Годината на Змејот. Ви посакуваме среќни и безбедни прослави“, порача Новак Ѓоковиќ.

Кинеската Нова година не се совпаѓа со календарот што се користи на Запад. Годината на дрвениот змеј започнува на 9. февруари 2024 година и трае до 28. јануари 2025 година.

Она што е карактеристично за источниот хороскоп е дека секоја година е во знакот на животно, во циклус кој се повторува на секои 12 години. Значи, има 12 животни: стаорец, бик, тигар, зајак, змеј, змија, коњ, коза, мајмун, петел, куче и свиња. Покрај тоа, секоја година е поврзана со еден од 5-те елементи кои го сочинуваат универзумот, според кинеската филозофија, а тоа се вода, дрво, земја, метал и оган.