Одличниот Ерлинг Халанд му донесе победа на Манчестер Сити: Норвежанецот со два гола му нанесе пораз на храбриот Евертон

Фудбалерите на Манчестер Сити на домашен терен го победија тимот на Евертон со резлутат од 2:0, во натпреварот од 24. коло на Премиер лигата.

Победата на Манчестер Сити на овој натпревар ја донесе Ерлинг Халанд, со головите во 71. и 85. минута. Во првиот најдобро се снајде по корнер и гужва во шеснаесетникот, а во вториот искористи контранапад и добра асистенција на Кевин де Брујн.

Манчестер Сити ја забележа 16-та победа од почетокот на првенството и со 52 бода моментно е прв на табелата, бидејќи има бод повеќе од Ливерпул, кој подоцна денеска ќе го пречека Барнли. Евертон, пак, останува на 19 бодови и на 18. позиција на табелата.

Фудбалерите на Манчестер Сити во следното коло од Премиер лигата ќе го пречекаат Челзи, додека Евертон ќе му гостува на Кристал Палас.