ПОГРЕБОТ НА КРАЛОТ ЧАРЛС III Е ПЛАНИРАН ОД МИНАТАТА ГОДИНА!? Монархот се бори со ракот, а веќе одамна се знае како ќе биде “испратен” од овој свет!?

Кралот Чарлс III има рак и милиони Британци се загрижени за неговото здравје. Кралицата Камила вчера на новинарите им изјави дека кралот се чувствува добро, а кралското семејство не соопшти повеќе детали за малигната болест со која се соочува монархот.

Кралското семејство е подготвено за најлошото и погребот на Чарлс e детално планиран од минатата година. Сепак, тоа нема никаква врска со неговата болест или возраст.

Операција „Menai Bridge“ е кодното име за плановите околу смртта на кралот Чарлс III. Името се однесува на висечки мост во Велс. Планот вклучува најава за неговата смрт, период на официјална жалост и детали за неговиот државен погреб. Планирањето за погребот на кралот започна речиси веднаш откако Чарлс се искачи на тронот по смртта на неговата мајка и претходник, Елизабета II.

Постојат посебни планови за погребите на секој друг член на кралското семејство, без разлика на нивната возраст и здравствени состојби.

кралот Чарлс
Чарлс III

Иако на многумина им изгледа бизарно, кралското семејство на Велика Британија, како и повеќето други монархии, следи строги протоколи. Погребите се детално планирани бидејќи тоа се големи државни настани што би било невозможно да се планираат по смртта на монархот.

Значи, во однос на планирањето, нема голема разлика помеѓу планирање на погреб и други државни настани во кои е вклучено кралското семејство. Низ историјата, монарсите ненадејно умирале или абдицирале, така што протоколот на кралското семејство мора да биде јасен и подготвен во секое време.