Игли Хасани: “Има акутни закани по безбедноста и стабилноста кои доаѓаат надвор од Косово“

Министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, оцени дека има акутни закани по безбедноста и стабилноста кои доаѓаат надвор од Косово.

Како што и на состанокот на Советот за безбедност на ОН истакна постојаниот претставник на САД во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд, велам постојат акутни закани за безбедноста и стабилноста кои доаѓаат надвор од Косово. Не е доволно само да се осуди Бањска. Мораме да се погрижиме ова никогаш да не се повтори“, напиша Игли Хасани во објава на социјалните мрежи.

Тој уште еднаш го повтори ставот на Албанија за Косово.

Стоиме на страната на Косово во спречувањето на каква било надворешна закана и Албанија ќе продолжи да ги советува косовските лидери за важноста од блиска координација со нејзините главни сојузници“, пишува Игли Хасани.