Блинкен: Не можам да ја потврдам вистинитоста на руските обвинувања за обид на Украина да изврши атентат врз Путин
– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека не може да ја потврди вистинитоста на руските наводи дека Украина се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин во напад со дронови, но, додаваат британските медиуми, нема доверба во информации што доаѓаат од Кремљ.
Во одговор на прашањето дали САД ќе ја критикуваат Украина доколку сама одлучи да изврши напад врз руска територија, Блинкен кажа дека Украина треба сама да одлучи како да се брани.