– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ги посети Германија, Турција и Грција од 16 до 22 февруари за да учествува на Минхенската безбедносна конференција и да се запознае со напорите на САД за обезбедување помош по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија, соопшти денеска Стејт департментот.
Блинкен ќе пристигне во воената база Инџирлик во јужна Турција на 19 февруари „за да дознае од прва рака за напорите на САД да им помогне на турските власти по земјотресите од 6 февруари“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Според него, Блинкен ќе се сретне со премиерот, министерот за надворешни работи и лидерот на опозицијата во Грција. На 21 февруари, државниот секретар ќе го започне четвртиот круг од стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција, рече Прајс.